Во организација на Католичката црква во Република Македонија во соработка со Католичкиот богословски факултет од Сараево во сабота 10 ноември 2018 година со почеток во 9,00 часот во Националната установа „Музеј на македонската борба“ ќе се одржи студиски ден на тема „Католичката црква во Македонија низ својата историја“.
На овој научен собир предавања ќе одржат 11 професори од Македонија и странство, а ќе зборуваат на следните теми:
1). „ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО РИМСКАТА ПОКРАИНА МАКЕДОНИЈА ОД ПОЧЕТОКОТ ДО РАСПАДОТ НА РИМСКОТО ЦАРСТВО“
Проф. Д-р Драган Зајковски – научен соработник и доцент на Одделот за античка и средновековна историја на Македонија – Институт за национална историја, Скопје
2).„ЦРКВАТА ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА И НЕЈЗИНИТЕ ТРАДИЦИИ ВО ОХРИДСКАТА АПХИЕПИСКОПИЈА„
Проф. емеритус д-р Јован Белчовски – Скопје
3). „ПОМЕЃУ ЦРКОВНИОТ ИСТОК И ЗАПАД – ЦРКВАТА ВО МАКЕДОНИЈА ОД ДОАЃАЊЕТО НА СЛОВЕНИТЕ ДО ОСМАНЛИИТЕ“
Проф. д-р Миленко Крешиќ – Католички богословски факултет, Сараево
4). „МИСИЈАТА НА СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ И ДЕНЕШНАТА КИРИЛО-МЕТОДИЕВСКА ИДЕЈА“
Проф. емеритус д-р Петар Вранкиќ – Католички теолошки факултет, Аугсбург
5). „ВЛИЈАНИЕТО НА ЦРКОВНИТЕ ПРАКСИ И ТРАДИЦИЈАТА ВРЗ САМОИЛОВАТА ПОЛИТИКА“
Проф. д-р Дејан Борисов, ѓакон – Православен богословски факултет, Скопје
6). „СКОПСКАТА НАДБИСКУПИЈА ВО ДОЦНИОТ СРЕДЕН ВЕК ДО XX ВЕК“
Бартоломеј Кајтази – поранешен амбасадор на Р.Македонија при Светиот Престол
7). „НАДБИСКУПИ НА СКОПСКАТА НАДБИСКУПИЈА ОД ОСНОВАЊЕТО НА КОНГРЕГАЦИЈАТА ЗА ШИРЕЊЕ НА ВЕРАТА 1622 ГОД., ДО НЕЈЗИНОТО УКИНУВАЊЕ, ОДНОСНО 1914 ГОД., ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО И НАДБИСКУПОТ ЛАЗАР МЈЕДА 1921 ГОД.“
Монс. д-р Ратко Периќ, бискуп мостарско-дувањски и апостолски управител требињско –мркански, Мостар
8). „КАТОЛИЦИТЕ ОД ИСТОЧЕН ОБРЕД ВО МАКЕДОНИЈА“
О.д-р Зоран Стојанов – декан и парох „Св. Пророк Илија – Радово“
9). „КАНОНСКАТА И ПРАВНА ПОЛОЖБА НА КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА ОД 1914 ДО 2018 ГОД.“
Проф. д-р монс. Томо Вукшиќ, воен ординариј во БиХ, Католички богословски факултет, Сараево
10). „ЗНАЧЕЊЕТО НА ЕКУМЕНИЗМОТ И ДИЈАЛОГОТ ЗА КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА, ПО ПРИМЕРОТ НА КАТОЛИЦИТЕ ОД ИСТОЧЕН ОБРЕД“
Проф. д-р монс. Нико Икиќ – Католички богословски факултет, Сараево
11). „СОСТОЈБАТА НА КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА“
Монс. д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, Скопје