Објавен е календарот на следните обврски на Папата, вклучувајќи ја Светската средба на семејства во јуни и Апостолските патувања во Демократска Република Конго, Јужен Судан и Канада во јули.
Канцеларијата за литургиски славења на Светиот Отец го објави распоредот на славењата што ќе ги предводи папата Фрањо во текот на јуни и јули. Папата ќе биде присутен на 10. Светска средба на семејствата што ќе се одржи во Рим од 22 до 26 јуни, на кој ќе присуствуваат претставници на Бискупските конференции од целиот свет и претставници на меѓународните движења кои се занимаваат со пасторал со семејства. Во салата Павле VI. ќе се одржи Фестивал на семејства и Теолошко – пасторален конгрес. Во сабота, на 25 јуни, Папата ќе служи Света Миса на плоштадот Свети Петар во 17.15 часот.
На празникот на светите апостоли Петар и Павле, заштитник на Рим, на 29 јуни во 9.30 часот, Папата ќе ја предводи Светата Литургија со благослов на палиумите во базиликата Свети Петар, кои ќе бидат положена на рамениците. на новите митрополити надбискупи како знак на заедништвото со римскиот бискуп.
Патување во Африка и Канада
Папата во јули ќе појде на две Апостолски патувања, на почетокот и на крајот на месецот. Од 2 до 7 јули ќе ги посети Демократска Република Конго и Јужен Судан. Тоа ќе биде 37. патување на кое Светиот Отец ќе посети три града – Киншаса и Гома во Демократска Република Конго и Џуба во Јужен Судан – и ќе се сретне со граѓански и црковни власти, млади луѓе, раселени лица и жртви на насилство.
Од 24 до 30 јули Папата ќе престојува во Канада, со што ќе ја исполни желба да замине во земја каде што Црквата е вклучена во важен процес на помирување со домородното население. Според планот, тој ќе ги посети Едмонтон, Квебек и Икалуит.
Ватикан њуз/к.мк