Примање во лекторска служба на богословот Емануел Матес од Скопската бискупија
Во неделата на 17 ноември 2013 во парохиската црква Свети Архангел Михаил во Доњи Михољац (Хрватска), се славеше света Миса предводена од Ѓаковаско осиечкиот архиепископ Ѓуро Храњиќ. За време на светата Миса, архиепископот Храњиќ во службите аколитат и лекторат прими осум богослови од Ѓаковаско осиечката богословија. Службата лекторат ја примија тројца богослови меѓу кои и Емануел Матес богослов од Скопската бискупија (Скопска парохија Пресвето Срце Исусово). Теолошките студии и подготовката за свештенство, тој ги минува во ѓаковаско осиечката богословија.
Монсињор Храниќ во својата прповед ги поттикна младите богослови да останат постојани во верата, и се повика на евангелистот Лука истакнувајќи дека ќе се спасиме само со својата постојаност во верата.
Е.Абјаниќ
фото: парохија св.Архангел Михаил, Доњи Михољац