Придружете им се на илјадниците во молитвата против абортус

Придружете им се на илјадниците во молитвата против абортус

Конференцијата на католичките бискупи на Соединетите Амрикански Држави (USCCB) ги повикаа католиците да се придружат на иницијативата „Девет дена за живот“, време на молитва и делување, во кое илјадници луѓе ќе молат Деветница од 16 до 22 јануари.

Оваа практика се спроведува од 2013 година, односно од 40-годишнината од пресудата Роу против Вејд, за која беше одлучено на 22 јануари 1973 година.

Конференцијата на католичките бискупи на Соединетите Амрикански Држави (USCCB) напоменува дека иако Врховниот суд ја поништи пресудата, потребни се континуирани напори за заштита на децата и нивните мајки од трагедијата на абортусот. Исто така ги охрабрува и податокот дека во последните 10 години, деветницата „Почитувај го животот“ допре до стотици илјади луѓе во повеќе од 100 различни земји.

Пријавувањето за учество во иницијативата Девет дена за живот може да се направи на веб-страницата respectlife.org, која има опции за говорители на англиски и шпански јазик. Оние кои ќе се пријават ќе добиваат секојдневна е-пошта или текстуална порака.

Општата намера на деветницата „Почитувај го животот“ е да се стави крај на практиката на абортус, но секој ден ќе вклучува поврзана молитвена накана, како и размислување, идеи за акција и многу повеќе. Примерите за молитвени намери вклучуваат: „секоја бремена жена нека добие сочувствителна грижа и поддршка додека го негува животот во нејзината утроба“, „нека лидерите работат на заштита на сите човечки животи, во сите фази и околности“ и слично.

Недјеља/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот