Претставени деталите и иницијативите за Јубилејот на милосрдието

Надбискупот Рино Физикела, претседател на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација, на 04 декември 2015 во Канцеларијата за печат при Светиот Престол ги претстави главните настани и иницијативи поврзани со почетокот на Јубилејот на милосрдието. Милосрдието е темел на животот на Црквата; ништо во нејзиното навестување и сведочење не може да биде лишено од милосрдието –потсети монс. Физикела на зборовите на Светиот Отец од булата „Misericordiae vultus“.

За некои од најважните информации за поклонениците во текот на Светата година, монс. Физикела истакна дека на 1 декември на улицата Via della Conciliazione бр. 7, беше отворен информациски центар за поклоненици, каде може да се најдат сите информации за распоредот на настаните, да се пријават за поминување преку Светите врати и да се подигнат бесплатни влезници кои се потребни за учество на бројните прослави за време на Јубилејот. Исто така, во центарот поклонениците ќе можат да подигнат еден автентично и официјално свеидетлство, односно потврда дека учествувале на Јубилејот во Рим. Канцеларијата е отворена секој ден од 7.30 до 16.30 часот.

За поклонениците, исто така, ќе бидат обезбедени здраствени услуги. Кај четирите папски базилики ќе бидат поставени пунктови за прва помош, а за медицинска нега ќе бидат задолжени членовите на Малтешкиот ред. Дополнителниот медицински центар ќе биде поставен кај Ангеловата тврдина, а во болницата Свети Дух наскоро ќе се отвори нов оддел за итна помош.

За глувите и слепите ќе бидат обезбедени посебни материјали и персонал, вклучувајќи посебно поставени исповедалници во базиликата Свети Петар и други цркви. Свеченото отворање на Светите врати на Ватиканската базилика ќе започне на 8 декември во 9.30 часот на празникот Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица, а во недела на 13 декември за прв пат во историјата ќе бидат отворени Светите варти во катедралите низ целиот свет. Притоа, месните епископи ќе можат да дадат папски благослов на сите присутни верници.

Вонредната света година ќе биде искуство на милосрдие секој човек внатрешно да ја почуствува Божјата љубов, која сите ја добиваат и никој не исклучува – рече надбискупот Физиекла, додавајќи: Тоа ќе биде привилегирано време целата Црква да се потсети дека милосрдието е нејзино навестување на светот и дека секој верник ќе стане средство на Божјата нежност.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот