Претседателот на Филипинската бискупска конференција за значењето на посетата на Папата во Филипините

Посетата на Папата на Филипините ќе биде за целата земја „посебен момент на милост“ – рече претседателот на Филипинската бискупска конференција Сократес Б. Вилегас, во новогодишната порака до верниците. Надбискупот посака 2015 година да биде година на Господ. Како и сите други, исто така и 2015 година ќе биде Божја, но со славење, молитва и христијански живот на живеење да ја направиме навистина да биде Господова – поттикна надбискупот.

Ако секој ден од годината го исполниме со љубов, ако се соочуваме со сите потешкотии кои ги среќаваме истовремено надевајќи се на Бога, ако со сите би ја делеле својата радост и вера во Бога кој нѐ сака, следната година ќе биде како и другите години, но со љубовта, верата и надежта ќе остане во нашето сеќавање – рече надбискупот Вилегас.

Надбискупот во пораката потсети дека Универзалната Црква годината 2015 ја прогласи за година на Посветениот живот. Затоа Црквата ги повикува верниците преку целата година да му се заблагодаруваат на Бога за дарот на монаси и монахињи кој ни ги подарил затоа што во овој живот тие нѐ потсетуваат на тоа како е на небото. Нивниот живот во чистота, во сиромаштво и послушност е сведочење дека Бог живее во својот народ – пишува надбискупот.

Надбискупот исто така ги потсети верниците дека во Филипини следната година е прогласена за Година на сиромашните, со што ќе се одвива во рамките за подготовката за 500 годишнината од евангелизацијата на Филипините, која ќе се обележи во 2021 година. Во текот на цела година во земјата ќе се промовира посебен проект и иницијатива за елиминирање на сиромаштвото. Тоа ќе биде повод својот поглед да го упатиме кон Христос, кој заради нас стана сиромашен. Господ е нашето богатство во нашето сиромаштво – стои а крајот од пораката на надбискупот Вилегас.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот