Претседателка Кирхнер му изрази сочувство на папата Фрањо
Овие денови пристигнаа голем број сочувства до папата Фрањо по повод трагичното загинување на сопругата на неговиот внук и нивните две деца, во автомобилската несреќа која се случи во Аргентина.
Претседателката на Аргентина Кристина Фернандез де Кирхнер во среда 20 август телефонира со Папата и лично му изрази сочувство, во свое име и во име на сите сонародници.
Во меѓувреме, во среда во Буенос Аирес се погребани госпоѓа Валерија Кармоне Бергољо и двете деца, додека здравствената состојба на внукот на Папата, Емануел Бергољо е сѐ уште критична. Тој се наоѓа во една клиника во Кордоба, каде е опериран два пати.
Лекарите ја исклучија можноста да биде префрлен во некоја друга клиника и со оглед на неговата здравствена состојба тоа би било многу ризично.
РВ/го*ко