„Не сакам да правам проблеми, но ништо лошо не сум згрешил“, вели Џалил Машали.
Џалил Машали, поранешен муслиман од Есен, кој го прифатил христијанството, е казнет затоа што истакнал налепница со библиски стих на задниот прозорец на неговото такси возило, пишува Вашингтон Тајмс.
Иако му се закануваше казна од 1.000 евра, на Машали на крајот му беше изречена казна од 88,50 евра за истакнување налепница со крст и зборовите „Исус: Јас сум Патот, Вистината и Животот“ на задниот прозорец на комбето.
Машали реши да ја обжали казната, па доколку не биде укината, случајот може да заврши на суд.
Властите во Есен сметаат дека налепницата е „незаконско верско рекламирање“, што е забрането според законот за такси возилата. Според градските власти, „верските реклами“ се сметаат за несоодветни бидејќи таксито имаат јавна функција.
Машали вели дека налепницата само ја изразува неговата вера, а поради малата големина и поставеноста на задното стакло на возилото, тој верува дека не станува збор за реклама.
„Исус е најдоброто нешто што би можел да го препорачам некому затоа што ми го промени животот“, рече тој. „Затоа имам налепница на мојот автомобил што секој може да ја види. Не сакам да правам проблеми, но не сум направил ништо лошо“.
Машали е роден во Иран, а на 33-годишна возраст дошол на лекување во Германија поради хроничната болка во ногата која ја имал од неговата 13-та година. Тој рече дека бил излечен од болката откако една христијанка се молела за него за време на неговиот престој во болница. Ова го навело да ја проучува Библијата и да се преобрати на христијанство.
Лидија Ридер, правен службеник за организацијата АДФ, која го застапува Машали, рече дека властите во Есен се обидуваат да ја задушат слободата на изразување.
„Во слободно општество, владата не треба да ги замолчува мирните изрази на вера“, рече Ридер во изјавата. „Делата на Џалил се заштитени со основното човеково право на слобода на вероисповед, кое го вклучува правото да се споделат своите длабоко вкоренети верувања со другите. Државата мора да се воздржи од неправедно мешање во оваа слобода“.
Благодарен сум на оваа земја во која секој треба да биде слободен да ја сподели својата вера. Се надевам дека ќе можам да продолжам да го правам тоа жалејäи се на неправедната казна“, рече Машали.
Битно нет/к.мк