Премиерот Заев упати писмо со честитки до бискупот Стојанов по повод воздигнувањето на Апостолскиот егзахрхат во Епархија

Премиерот Заев упати писмо со честитки до бискупот Стојанов по повод воздигнувањето на Апостолскиот егзахрхат во Епархија

По повод воздигнувањето на Апостослкиот егзахат во Епархија премиерот Зоран Заев, на католиците во Република Македонија, им го честиташе воздигнувањето на Апостолски егзархат во Македонија, во Епархија, од страна на Папата Фрањо.

Во писмата со честитки до бискупот д-р Киро Стојанов и до о. Марјан Ристов, канцелар на Скопската бискупијата, се истакнува:

„Одлуката на Светиот Отец Папата Фрањо, досегашниот Апостолски Егзархат во Македонија да го воздигне во Епархија под наслов Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје, за католиците од византиски обред, за нас претставува потврда за достојното внимание на Светата столица во Ватикан за верниците од католичката вероисповед во Република Македонија.

Во исто време со особено задоволство Ви го честитам именувањето за прв Епарх на ново востановената епархија и да Ви посакам успешна работа.

Слободата на вероисповедта и на верската определба, но и унапредување на правата и слободите на сите наши граѓани, останува цврста  заложба во реформирањето на нашето заедничко општество во насока на подобра и европска иднина за сите граѓани на нашата Република Македонија.

Примете ги уште еднаш моите честитки и желби за успешна работа и плодна мисија на ново основаната Епархија, и за новата титула Епарх на Епархијата Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“, стои во писмото со честитки од премиерот Заев.

к.мк

фото: vlada.mk

Категорија: Вести, Македонија

За авторот