Преку видео порака папата Фрањо се обрати на полскиот народ

Светиот Отец утрото во осум часот преку Полската телевизија (ПТВ), со видео-порака се обрати до сонародниците на блажениот и наскоро свети Иван Павле II. Во пораката изрази радост што во Неделата на Божјото Милосрдие – празник кој Блаженикот го воведе – ќе може Иван Павле II да го прогласи за свет. Истотака изрази и благодарност за неговото неуморно служење, духовно водство; за водењето на Црквата во третиот милениум на верата како и за неговото извонредно сведоштво на светост.

Како што добро кажа Бенедикт XVI – истакна Светиот Отец – Иван Павле II бараше да не се плашиме. Христос го отвори општеството, културата, политичките и економските системи, претварајќи го со гигантска сила која му доаѓала од Бог, стремежот кој можел да изгледа незапирлив. Со своето сведочење на верата, љубовта и апостолската храброст, со големо човечко заземање, овој примерен син на полскиот народ помогна на христијаните во целиот свет да не се плашат да се признаат за христијани; да припаѓаат на Црквата и да зборуваат за Евангелието. Со еден збор: ни помогна да немаме страв од вистината, бидејќи таа е гаранција на слободата – рече Папата – и во потполност стои зад тоа.

Пред да se упати во светот, Карол Војтила израсна во служба на Христос и Црквата во својата татковина. Таму се воспитува неговото срце, кое потоа ја попримило димензијата на универзалност; прво за време на учеството во работата во Вториот Ватикански собор, а потоа и посебно по неговото избирање за папа. Иван Павле II беше на сите, сѐ – кажа Папата.

Папата Фрањо се заблагодари на Црквата во Полска за дарот на Иван Павле II со кој сите сме збогатени и додаде дека тој со своите гестови, зборови, начинот на служење и страдање уште нѐ надахнува. Нѐ поттикнува да се довериме на Христос, Откупителот на човештвото како и на Мајка Божја. Светиот Отец исто така изрази надеж дека канонизацијата на двајцата блаженици ќе даде нов поттик на секојдневното и постојано делување на Црквата во Полска. На крајот рече дека се радува и поради тоа што – ако Бог сака – за Светскиот ден на млади во Краков во 2016 години за прв пат да ја посети Полска.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот