Потребата за високопроточна терапија со кислород е намалена. Има напредокот во физичката и респираторната терапија. Папата Фрањо на празникот Свети Јосиф во среда наутро, 19 март 2025 година, сослужуваше на светата Литургија.
„Потврдено е подобрувањето на клиничката состојба на Светиот Отец. Папата Фрањо е отстранет од неинвазивна механичка вентилација, а намалена е и неговата потреба од терапија со високопроточен кислород.
Продолжува напредокот во физичката и респираторната терапија. На празникот Свети Јосиф, Светиот Отец сослужуваше на светата Литургија.“
Лекарите на Папата истакнуваат дека неговите белодробни инфекции се под контрола, иако не се елиминирани. Вредностите на клиничките испитувања се во нормала, а Папата и понатаму е без температура. Светиот Отец денот го помина со терапија, молитва и малку работа.
Што се однесува за обредите на Великата седмица се уште не е донесена одлука. Со оглед на стабилната состојба на Папата, следниот медицински билтен не се очекува пред следната недела.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол во петок, а потоа и во понеделник повторно ќе сподели некои општи информации за здравјето на Папата со новинарите.
Ватикан њуз/к.мк