Пред 50 години е објавена енцикликата ‘Humanae vitae’

Пред 50 години е објавена енцикликата ‘Humanae vitae’

По повод 50. годишниот јубилеј на енцикликата „Humanae vitae“ се присетуваме на зборовите кои папата Павле VI. ги посвети на тој документ за време на Генералната аудиенција одржана една седмица по објавувањето на енцикликата. Тоа е апел на папата Монтини до христијанските брачни парови да не гледаат бројни забрани во тој внимателно подготвен документ, туку помош за нивниот повик.

Беше тоа среда во сред лето, последен ден од месец јули, кога папата Павле VI. ја предводеше Генералната аудиенција во салата на Папската палата во Кастел Гандолфо. Веќе неговата прва реченица предизвика збунетост. Нашите зборови денес – рече Папата – ги обврзува енцикликата насловена Humanae vitae… Тоа беше моментот Папата директно да се обрати до народот и со отворено срце да зборува за тема која со години го исцрпувала во настојувањата да создаде еден од најделитакните и слоевити документи во неговиот понтификат и современата Црква.

По само неколку воведни зборови доаѓа до клучната точка: „Овој папски документ (…) не е само прогласување на негативниот морален закон, односно исклучување на секој чин кој има намера раѓањето да го направи невозможно, туку многу повеќе е позитивен приказ на брачниот морал во склад со неговото послание на љубов и плодност…“ – истакна папата Павле VI. на кого многу добро му беа познати критиките и отпорот кон текстот, кои доаѓаат од внатре во Црквата и надвор од Црквата.

Истакнувањето на Папата дека документот е позитивен приказ кој го покажува срцето на човек кој чувствува потреба да ги обајсни работите, и да си објасни на самиот себе. Да се каже она што Папата најпрво го прегледал лично, совесно, дел по дел, како би го претворил во дело на Научителство, не е некоја нечувствителна и мачна мисла, туку размислување кое потсетува пред сѐ на љубов на таткото кон семејството, посебно кон оние кои секојдневно својот живот го живеат според верата.

Самиот папа Монтини истакнал пред собраниот народ дека во таа прилика не сака да зборува за содржината на енцикликата. Тој сакал да даде простор на чувствата, на оние кои му ја исполнија душата за време на четиригодишната напорна работа при составувањето на енцикликата. Првото чувство, чувство на многу голема одговорност поради која и духовно страдал – истакнал Папата. Проучувавме, читавме и дискутиравме колку можевме и секогаш се молевме – рекол Папата.

Сепак некое чувство секогаш нѐ водеше да работиме, а тоа е чувството на љубов, пасторалната чувствителност кон оние кои се повикани во брачниот живот и семејството да ја вклучат својата посебност. Третото чувство е чувството на надеж. Надеж дека христијанските брачни парови ќе ги сфатат неговите зборови, па макар изгледале строги и тешки, ќе сакаат да бидат веродостојани толкувачи на неговата љубов, повикани да се преобразат во наследувањето на Христовата љубов кон мистичната свршеница Црквата и дека ќе помогнат да ја внесат во современото семејство нивната сопствена духовност, изворот на совршенство за поединечни членови и морални сведоштво во општеството – истакна папата Павле VI.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот