Предизвиците за Европа: секуларизацијата, невработеноста и бегалците
Варшава, 1.7.2013 /к.мк/ – Секретарите на Европските епископски конференции на тридневниот собир во Варшава, кој заврши во недела 30 јуни, расправаа за тоа како Црквата би можела да одговори на предизвиците со кој се соочува и тоа се поинтензивно: секуларизацијата, невработеноста и бегалците. Поврзано со ова во воведното предавање Јозеф Михалик, секретар на Полската епископска конференција ги наведе зборовите на папата Павле Павле II кој ги кажа за време на неговата прва пасторална посета на Полска во 1979 година.
Иако се обраќаше на полскиот народ, тие важат за сите, а денес дури и посилно ја искажуваат општата состојба која е плод на отфрлање на Христос. Црквата го донесе Христос на Полска. Тој всушност е клучот за разбирање на големите и основни стварности, а тоа е човекот. Не може да се познава темелно човекот без Христос, односно човекот не е способен да се разбере самиот себе без Христос. Тоа важи и за Европа и сите нејзини народи, истакна тогаш блажениот папа Иван Павле II. (го*ко)