Прв петок во филијалата свети великомачник Георги во Чанаклијa
Во сите наши парохии длабоко се почитува набожноста кон милосрдното срце Исусово, а тоа е ветувањето кое Исус го дал на света Маргарита Алакок. Сите кои ќе се исповедат и причестат девет пати по ред во првиот петок од месецот, и ќе се трудат да живеат набожно, ќе бидат на посебен начин благословени од Бога. Не треба да се прекинат, таква е волјата Господова. Нивната намена може да биде за секаква потреба. И со тоа самите обожаватели на таа набожност добиваат еден вид “гаранција” за нивно спасение и за спасение за кои е намената деветницата.
Така и по подолг период од изградбата на црквата во село Чанаклија решивме да започнеме со таа набожност. По објаснувањето на важноста на оваа набожност, верниците од свм. Георги од Чанаклија ја прифатија со големо задоволство. Веќе сме во седмиот месец од почетокот на набожноста во која се приклучуваат и нови верници кои сакаат да прават прв петок.
Кој може нека ја искористи оваа можност која ја нуди самиот Исус и преку која ни дава сигурен “билет за во рајот”.
о. Спасо Ристов