Прославен Божиќ во Штип

Вечерта на 24 декември во Католичката Црква „Свето Благовештение“ во Штип, се служеше света Литургија, по повод празникот Рождество Христово.

Светата Литургија ја предводеше парохот на о. Тони Ангелов, заедно со о. Спасо Ристов, парох во Нова Маала, кој по повод празникот одржа пригодна проповед. Покрај верниците од Штип, на светата Литургија присуствуваа и верници од други места, а најбројни беа верниците од Нова Маала.

По завршувањето на Светата Литургија верниците во парохиската сала имаа заедничко Агапе.

Католичката Црква „Свето Благовештение“ – Штип на сите католици им го честита големиот празник Рождество Христово – Божиќ и ги поздравува со ангелскиот поздрав: Слава на Бога во висините, а мир на луѓето со добра волја!

Христос се роди! Славете го!

о.Т.А.

Категорија: Македонија

За авторот