Прво Причастие во Радово

„Драги деца, Исус ве сака целосно со сето свое срце, затоа и вие сакајте го Исуса со сето ваше битие…“, беа воведните зборови во проповедта на Неговото Високо Преосвештенство д-р Киро Стојанов, упатени до првопричесниците во парохијата Свети пророк Илија во Радово. Владиката исто така ги повика и родителите да продолжат со својата подршка кон децата во нивниот христијански напредок и љубовта кон Бога и ближниот. Тој ги поздрави и им благодари за сиот труд и на вероучителите, учителите и наставниците кои ги учат децата во црквата и училиштето.

На крајот на Светата Архиерејска Литургија по повод празникот на Пресветата Евхаристија, која беше служена на 22 јуни 2014 година со почеток во 10 часот се одржа свечена процесија со светото Причастие околу црквата.

Во парохијата Радово празникот на Пресветата Евхаристија секогаш се пренесува на најблиската неделата.

з.и.с.

Категорија: Македонија

За авторот