Прво Причастие во Радово

Во недела 26 јуни 2016 година на Архиерејската света Литургија која ја предводеше Неговото Високо Преосвештенство д-р Киро Стојанов во сослужение со домашниот парох отец Зоран И. Стојанов, капеланите о. Трајче Ташев и о. Илија Стојанов, како и о. Ѓорги Ангелов и ѓаконот Атанас Сирачев во Радово се случи радосен настан, Првопричастие за десетина деца кои преку изучувањето веронаука осознаеја за важноста на сакраментите Света Исповед и Свето Причастие.

На светата Литургија и претходеше свечен влез со Првопричесниците, нивните родители, министрантите, свештениците и владиката, кој во својата пригодна проповед, истакна дека: „Бог е совршена љубов и затоа за Него секогаш треба да има место во нашето битие… Бог не го зема местото на нашата љубов кон другите, туку напротив ја надополнува“. Затоа ги повика родителите секогаш со љубов и добар пример да ги поучуваат своите деца.

По светата Литургија на која многубројни верници зедоа учество се одржа веќе традиционалната процесија со Светото Причастие околу црквата, застанувајќи и читајќи ги предвидените четири свети Евангелија пред олтарите кои за таа прилика верниците ги прават во црковниот двор.

к.мк/з.и.с.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот