Прва Свeта Причест во парохијата Успение на Пресвета Богородица – Нова Маала

Во недела, 01 јуни 2014 година во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ – Нова Маала девет деца примија Прва Причест. По долгата подготовка под водство на с. Лидија Манолевасе исполни желбата на овие деца. Детската радост беше голема, а родителското задоволство неизмерно.

Парохот отец Спасо Ристов ја истакна важноста на овој настан, како и грижата родителска кон децата, како и должностите на децата кон своите родители. По завршувањето на светата Литургија им беше подарено спомен за Првата Света Причест, а на крајот за нив беше подготвено дружење во парохиската сала.

Исто и родителите на првопричесниците беа активно вклучени во дотерување и уредување на Црквата, дворот и салата. На многаја и благаја лета, првопичесници!

о.С.Р.

Категорија: Македонија

За авторот