На 26 јули 2026 година, во Осмата недела по Духовден, а воедно и Светскиот ден на бабите, дедовците и старите лица, во парохиската црква „Свети Великомаченик Димитриј“ во Сарај, Прва света Причест примија двајца првопричесници.
По соодветна духовна подготовка од парох, отец Ванчо Назов, го примија Господ Исус Христос во Светата Причест, обновувајќи го својот крстен завет На светата Литургија присуствуваа повеќе верници од парохијата, како и роднини и пријатели на првопричесниците.
Тие, по соодветна духовна подготовка под водство на својот парох, отец Ванчо Назов го примија Господ Исус Христос во Светата Причест, обновајќи го својот крстен завет. На Литургијата присуствуваа повеќе верници од парохијата, како и роднини и пријатели на првопричесниците.
Во пригодната проповед парохот отец. Ванчо Назов зборуваше за важноста на Светата Причест во животот на христијаните, како и за улогата на бабите и дедовците која ја имаат во духовниот развој на нивните внуци. На крајот од Литургијата тој се заблагодари на Господ Бог за овој радосен настан, како и на родителите и сите оние кои ги поддржуваат децата на нивниот христијански пат.
Првопричесниците добија пригодни подароци како спомен на овој свечен и значаен ден, а заедничкото дружење продолжи во парохиската сала.
в.н./к.мк

