Прва света Причест во парохијата Успение на Пресвета Богородица – Струмица
На 22 мај 2016 година во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица на светата Архиерејска Литургија, која ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија 20 деца за прв пат примија Света Причест. Пред самиот почеток на светата Литургија во процесија владиката Стојанов заедно со домашните свештеници, децата првопричесници и министрантите свечено влегоа во Црквата, а за време процесијата се пееја духовни песни под водство на с. Тереза Стојкова.
Владиката Стојанов се обрати до првопричесниците, нивните родители и останатите верници со пригодна проповед.
Пред самата света Причест парохот о. Георги Трајков ги повика децата да ги обноват своите Крштелни завети. Потоа преку рацете на Владиката децата на свечен пристапија на нивната Прва света Причест, примајќи го Исус Христос во себе.
На крајот од светата Литургија децата преку рецитали и духовни песни ги повикаа родителите и понатаму да ги подржуват и храбрат нивните деца во духовниот раст на верата. Децата добија Спомен од Првата Причест и фотографиии со статуата Марија од Назарет, која пред два дена престојуваше во парохијата.
Свеченоста продолжи со заедничко агапе во парохиската сала организирано од родителите на децата првопричесници, младите и целата парохиска заедница даде свој допринос да им се пружи подршка на децата.
к.мк