На празникот Духовден недела 16 јуни 2019 година во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија во заедништво со свештеници од Струмичко – скопската епархија, на која неколку деца прв пат во своите животи примија Света Причест.
Свеченоста започна со процесија на која покрај свештениците и министрантите, учествуваа и првопричесниците со нивните родители. Пред примањето на причеста децата најпрво примија запалени свеќи и ги обновија ветувања дадени на нивното Крштение од страна на кумовците.
За овој свечен начин децата беа подготвени на часовите по веронаука, а ден пред примањето на светата Причест ја примија и светата Тајна Исповед.
По завршувањето на светата Литургија следуваше благослов на студиото на Радио Марија, а потоа и заедничко агапе во црковниот двор.
к.мк
Фото: Сречко Гунчев