Во недела 2 јули 2023 година во Католичката црква „Свети Петар и Павле” во Гевгелија, две деца од парохијата, после потребните подготовки, примија Прва света Причест. Светата Литургија ја служеше отец Ристо Самарџиски, на која присуствуваа родители и роднини на првопричесниците.
На крајот од светата Литургија децата изведоа пригоден рецитал, а потоа следуваше заедничко агапе и дружење со првопричесниците.
к.мк