Прва Причест во Радово

Прва Причест во Радово

 

Во неделата  10 јуни 2018 година во црквата „Свети пророк Илија“ во Радово шеснаесет деца обновувајќи ко крсниот завет примија Прва  света Причест.

Светата Литургија започна со процесија на првопричесниците придружени од нивните родители, свештениците и министрантите. Процесијата беше пропратена со духовни песни од страна на сите верници. Светата литургија ја предводеше домашниот парох о. Зоран И Стојанов заедно со сослужение на  монс. Антун Циримотиќ , о. Георѓи Ангелов и двајцата капелани  о. Трајче Ташев и о. Илија Стојанов.

Парох о. д-р Зоран И. Стојанов одржа пригодна проповед и ги поздрави сите присутни почнувајќи од свештениците, благодарејќи на монс. Антун Циримотиќ за неговата присутност, исто така се заблагодари на вероучителите о. Трајче Ташев, о. Илија Стојанов и на сестра Мартина Стојкова која што ги подготви првопричесниците. Во таа прилика ги поздрави и учителите на децата од Радово кои исто така беа присутни на оваа света Литургија.

Пред самиот крај на Светата Литургија од страна на првопричесниците беше одржан краток рецитал и изведна на црковни песни. Потоа следуваше уште една процесија околу црквата во чест на Пресветата Евхаристија. Околу црквата беа поставени четири олтари и на секој олтар се читаше Свето Евангелие.

Првопричесници добија Спомен од Првата света Причест, молитвеник „Извор на животот“ и света Бројаница. И на самиот крај следуваше благослов со Светата Причест. По завршувањето на светата Литургија следуваше заедничко агапе и дружење со првопричесниците.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот