Прва Причест во парохијата „Свети Иван Крстител“ во Струмица

Прва Причест во парохијата „Свети Иван Крстител“ во Струмица

Во недела 17 јуни 2018 година во парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица се служеше света Литургија на која шест деца примија Прва Света Причест.  За овој свечен начин децата беа подготвени на часовите по веронаука, а ден пред примањето на светата Причест ја примија и светата Тајна Исповед.

Свеченоста започна со процесија на која покрај свештениците и министрантите, учествуваа и првопричесниците со нивните родители. Пред примањето на причеста децата најпрво примија запалени свеќи и ги обновија ветувања дадени на нивното Крштение од страна на кумовците.

Младите и децата од парохијата по повод овој радосен настан за парохијата подготвија кратка приредба со песни и изведба насловена „Леб од Небото“.

По завршувањето на светата Литургија следуваше заедничко агапе во парохиската сала „Света Мајка Тереза“.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот