Мисионер од Колумбија: Во Венецуела луѓето гладуваат

Мисионер од Колумбија: Во Венецуела луѓето гладуваат

Не престанува бранот бегалци од Венецуела во Колумбија, Бразил, Еквадор и Перу. Според известувањата од официјални извори од Богота на колумбиска територија се наоѓаат речиси 940.000 Венецуелци, но според мислењето на мисионерите бројките се многу поголеми.

Таа е најголемата миграциска криза во поновата историја на Латинска Америка – со тие зборови колумбискиот претседател Иван Дуке ја опиша се потешката економска, општествена и политичка состојба во Венецуела, која предизвика егзодус – според проценките на Обединетите нации – речиси два и пол милиони луѓе – со последици кои се чувствуваат токму во Колумбија, но и во Бразил, Еквадор и Перу. Според официјални податоци од Богота, на колумбиска територија се наоѓаат речиси 940.000 Венецуелци, од кои повеќе од 460.000 имаат статус на мигранти, повеќе од 360.000 луѓе започнале постапка за добивање на тој статус, а околу 105.000 се сметаат за нерегуларни.

Директно за Венецуелците кои бегаат во Колумбија се грижи локален центар за мигранти во Кукута кој веќе 40 години го водат оците скалабринци односно Мисионерите на свети Карло, а чиј управител е отец Франческо Бортигнон, мисионер во Колумбија веќе 20 години. Официјалната статистика се однесува на податоците за луѓето кои се регистрираат на границата – рече мисионерот и додаде дека реалноста меѓутоа е поинаква.

Луѓето кои навистина мора да побегнат од Венецуела поминуваат по други патишта; затоа нивниот број се движи помеѓу 30 и 35 илјади дневно. Понекогаш достигнува и до 50.000 – рече отец Франческо и додава дека таква е состојбата во Кукута, но на северот – според неговите зборови – состојбата е потрагична, затоа што животните услови се многу посиромашни. Имено, таму има речиси и пустински краишта и нема начин на кој би можела да се реши таа криза. Не е возможно е да се остане неподвижен пред очајот на многу луѓе – одлучно истакна мисионерот.

Венецуелците кои доаѓаат во Колумбија немаат храна, лекови, нивната работа во татковината не им овозможува да купат едно јајце на ден, а месечната плата не е доволна за кутија јајца – додава отец Франческо. Затоа нивната исхрана, исхраната на нивните деца и на цели семејства не е соодветна, а заради општата голема небезбедност, ниту болестите не можат да се лекуваат. Состојбата е се полоша затоа што – напомена – властите во Венцуела сакаат да преземат надзор над сите. Ако полицијата сретне луѓе со пари во џебот, им ги одзема! На тоа треба да се додадат проблемите поврзани со прифаќањето во веќе чувствителни прилики; постои тензија, посебно меѓу сиромашните колумбиски граѓани кои се чувствуваат дискриминирани во однос на Венецуелците на кои им се пружи помош – рече мисионерот отец Франческо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот