Прва Причест во парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица

На светата Литургија на празникот на Сите светии, во недела 26 јуни 2016 година во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица две деца од парохијата примија Прва Света Причест.

Пред примањето на светата Причест децата најпрво со запалени свеќи во рацете, пред целата парохиска заедница ги обновија Крштелните завети.

Во проповедта о. Гоце Костов истакна дека на празникот Сите светии Црквата нѐ потсетува како сите преку Црквата сме повикани на светост. Црквата е таа Мајка која ни помага во нашето чекорење до светоста, додека со Светата Причест самиот Христос нѐ придружува на тој пат. Патот до светоста започнува со крштението и од семејството, препорачувајќи ги првопричесниците во молитвите на парохиската заедница.

На крајот од светата Причест децата првопричесници добија Спомен од Првата света Причест.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот