Прва причест во Битола

Прва причест во Битола

Во недела 3 јуни 2018 година во парохијата „Пресвето Срце Исусово“ во Битола се славеше Прва света Причест.За оваа голема радост за целата парохија во Битола парохот дон Паво Шекерија не ја криеше благодарноста до Бога за еден ваков голем настан. Евхаристиското славење започна со процесија на која министрантите на олтарот ги предадоа даровите.

За време на својата проповед дон Шекерија ја истакна важноста од хранењето со Словото Божјо и Телото и Крвта Христови.

На крајот дон Паво се заблагодари на сите на трпението и помошта околу организацијата на ова славење и им честита на првопречесниците, родителите и сестрите.

На светата Литургија присуствува и семејството Скроче, чиј што син Јаков Скроче беше првопричесник. Ова семејство со уште две други го сочинуваат посланието Missio ad Gentes во Битола.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот