Без милосрдие не може да се живее.
Свесни сме за општеството од нашето време, дека има достигнато напредок на ниво до сега никогаш видено ниту слушнато, но сѐ повеќе и повеќе се искористува за зло. Знакот на прогресивната надмоќ на сатаната, во еден одреден историски период во кој е декласифициран во еден непостоечки симбол, е доведувањето на човекот на ниво на предмет, и негирањето на светоста на една личност. Надмоќта на човекот над човекот е пеколна машина која го искористува, го уништува животот, не се поставуваат граници и од ден на ден се разбива секоја морална бариера. Сето тоа што е највредното во целиот универзум е манипулирано, искористено и потоа отфрлено во име на безмилосниот напредок чија последна цел е моќта и парите.
Кој ќе го спаси човекот од човекот ако не милосрдието за кое не е способен? Кој ќе го избави човештвото од гладниот змеј кој, заради омразата кон Бога, го влече човештвото во пропаст со неговата заводлива сила? Гревот, со своите ужасни експанзии во срцата и во општеството, е моќ на смртта која ја компромитира самата иднина на човештвото. Неговиот примарен израз, насилството, завзема место во секој агол на земјата, сеејќи цинизам, нечесност и непочитување на послабите.
Последицата е дека, и покрај техничкиот, економскиот и социјалниот развој, расте нивото на страдање во светот и неиздржливоста на животот. Тврдоста на срцата го деградира општеството кон бездните на злото. Милосрдието е лекот без кое човештвото не може да живее во убавината и големината на животот. Да се живее побратски начин зависи од одлуката на секој еден човек.
Неопходно е љубовта да победува во срцата со цел таа да триумфира во светот. Времето на милосрдието кое Небото сакаше да го дарува уште еднаш е екстремен апел. Блажени се оние кои ќе го прифатат. Милосрдните ќе бидат тие кои ќе го најдат милосрдието и кротките ќе ја поседуваат земјата.
Падре Ливио/З.А.