По повод празникот Рождество Христово бискупот Стојанов упати честитка до архиепископот Г.г. Стефан и членовите на Светиот Архиерејски Синод

По повод празникот Рождество Христово бискупот Стојанов упати честитка до архиепископот Г.г. Стефан и членовите на Светиот Архиерејски Синод

По повод празникот Рождество Христово  -Божиќ, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор Киро Стојанов, на 4 јануари 2024 година, упати честитка до Архиепископот охридски и македонски Г. г. Стефан и членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.

Во честитката бискупот Стојанов истакнува дека раѓањето на Господ Исус Христос ни открива дека целиот наш живот, работа и страдање се осветлени од неговата светлина и како во него ја наоѓаат својата целосна смисла и јасност и додава: „Додека овие денови се радуваме што „Словото стана тело и се всели меѓу нас“, се молиме да нè очисти, просветли и води, зашто во Него е сета наша смисла, сета добрина и убавина на неизмерната Божја љубов.“

„Честит празник Рождество Христово – Божик и Благословено Ново Лето ви посакувам Вам, Ваше Блаженство, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, на свештенството и монаштвото и на сиот верен народ“ – стои во честитката на бискупот Стојанов упатена до Архиепископот охридски и македонски Г. г. Стефан и членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.

Во одвоена честитка бискупот Стојанов на Архиепископот охридски и македонски Г. г. Стефан му го честита именденот, упатувајќи молитва Свети Стефан да се застапува за него пред Господа Бога и Божјиот благослов секогаш и насекаде да го прати во животот.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот