Почина фра Бонавентура Дуда

Почина фра Бонавентура Дуда

Фра Бонавентура Дуда, фрањевец, свештеник, член на Хрватската фрањевска провинција Свети Кирил и Методиј – Загреб, почина на 3 август околу 9.00 часот во Фрањевскиот манастир „Свети Иван Крстител“ во Вараждин, во 94 година од животот, 76 години монаштво и 68 години свештенство.

Поголемиот дел од животот го помина во Фрањевскиот манастир „Свети Фрањо“ на Каптол во Загреб. Имаше едноставен и свет живот. Се смета за еден од најугледните фрањевци на хрватското говорно подрачје, теолог, библичар, професор во пензија на Универзитетот во Загреб, преведувач, полиглот, писател и поет, катехет, педагог, композитор, дописен член на Хрватската академија за наука и уметност. Роден е во Риека на 14 јануари 1924 година.

Комеморацијата ќе се одржи во понеделник 7 август во 19.15 часот во црквата Свети Фрањо на Каптол во Загреб.

Погребот ќе биде во вторник 8 август во 15.50 часот на гробиштата Мирогој, а Миса задушница ќе се служи по погребот, во црквата Свети Фрањо на Каптол.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот