Папата Фрањо почина на Светол Понеделник, 21 април 2025 година, на 88-годишна возраст во својата резиденција во Домот Света Марта.
Во 9:45 часот, кардиналот Кевин Фарел, Камерленго, ја објави смртта на папата Фрањо од Домот Санта Марта со овие зборови:
„Најдраги браќа и сестри, со длабока тага морам да ја објавам смртта на нашиот Свет Отец Фрањо. Во 7:35 утринава, Римскиот бискуп Фрањо се врати во домот на Отецот. Целиот негов живот беше посветен на службата на Господ и на Неговата Црква. Тој не научи да ги живееме евангелските вредности со верност, храброст и сеопшта љубов, особено во корист на најсиромашните и најмаргинализираните. Со неизмерна благодарност за неговиот пример како вистински ученик на Господ Исус, душата на папата Фрањо ја препорачуваме на бескрајната милосрдна љубов на Едниот и Троиствен Бог“.
Во април 2024 година, покојниот папа Фрањо одобри ревидиранио издание на литургиската книга за Папските погребни обреди, врз основа на која ќе се служи погребниот обред.
Второто издание на Ordo Exsequiarum Romani Pontificis воведува неколку нови елементи, вклучително и како треба да се постапува со смртните останки на Папата по смртта.
Утврдувањето на смртта се одвива во капелата, а не во просторијата каде што умрел, а неговото тело веднаш се става во ковчегот.
Според надбискупот Диего Равели, церемонијал на апостолските богослужби, покојниот папа Фрањо побарал погребните обреди да се поедностават и да се фокусираат на изразување на верата на Црквата во Воскреснатото Тело Христово.
„Обновениот обред“, рече надбискупот Равели, „се обидува уште повеќе да нагласи дека погребот на римскиот понтиф е погреб на пастир и ученик на Христос, а не на моќна личност од овој свет“.
Ватикан њуз/к.мк