Почина аргентинскиот кардинал Мехија

На 8 декември, во Рим, во 92 година од животот почина аргентинскиот кардинал Хорхе Марија Мехија. Во своето сочувство, папата Фрањо си спомна на верноста и стручноста со кои кардиналот Мехија долго служеше во разни тела на Светиот Престол. Светиот Отец, освен тоа ги упати своите молитви и близина до сите кои ја оплакуваат смртта на кардиналот, пастир посветен на евангелизациското послание, со кого ме врзуваше долго пријателство, истакна Папата.

Благоупокоениот кардинал е роден во Буенос Аирес на 31 јануари 1923 година. Погребот ќе биде одржан во четврток на 11 декември во 11.30 часот, во базиликата Свети Петар. Литургијата ќе ја служи кардинал Анџело Содано, декан на Кардиналскиот колегиум, а папата Фрањо ќе го предводи последниот поздрав и молитва. Како поранешен архивист и библиотекар на Светиот Престол, кардиналот Мехија, за кардинал беше именуван од страна на папата Иван Павле II, на конзисториумот во 2001 година.

Токму за време на понтификатот на Иван Павле II, благоупокоениот кардинал во 1986 година, ја подготви историската посета на римската синагога, а потоа и средбата на верските водачи во Асизи. Меѓу разните функции што ги iyvrüuvaüe, беше и потпретседател на Папскиот совет за Правда и мир, секретар на епископскиот колегиум и на крајот архивист и библиотекар на Светиот Престол.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот