Почесниот папа Бенедикт XVI ќе присуствува на канонизацијата

Почесниот папата Бенедикт XVI ќе присуствува на плоштадот Свети Петар за време на Литургијата за канонизација на двајцата папи, која ќе се служи на 27 април на плоштадот Свети Петар. Ова го изјави директорот на Канцеларијата за печат на Светата Столица, патер Федерико Ломбарди.

„Почесниот Папата Бенедикт XVI ја прифати поканата и го информира папата Фрањо за своето присуство на плоштадот”, рече отец Ломбарди. Тој прецизираше дека почесниот папа Бенедикт XVI ќе сослужува, но не на олтарот, туку ќе биде заедно со кардиналите и епископите од левата страна на олтарот.

Отец Ломбарди додаде дека кардиналите Анџело Содано, државен ватикански секретар за време понтификот на Иван Павле II и кардинал Станислав Џивиш, личен секретар на папата Војтила, ќе сослужуваат на олтарот. „Сите ќе бидеме среќни за неговото присуство”, рече отец Ломбарди.

РВ/го*ко

1681

Категорија: Ватикан

За авторот