Почесниот папа Бенедикт XVI присуствуваше на свечениот конзисториум

Изненадување во базиликата Свети Петар: Почесниот папа Бенедикт XVI присуствуваше на свечениот конзисториум на кој се именуваа нови кардинали. Гласноговорникот на Ватикан, патер Ломбарди додаде дека папата Фрањо изрично го покани својот претходник на свеченоста. Почесниот Папа доброволно се откажа од посебното место и седна на крајот од кардиналите. Седеше покрај кадринал Бехара Раи. Двајцата Папи се поздравија кратко пред почетокот на церемонијата. На почетокот од церемонијата, кога ватиканскиот државен секретар Паролин во својот говор го спомна почесниот папа Бенедикт XVI се слушна громогласен аплауз.

Од своето повлекување на 28 февруар 2013 почесниот Папа нема јавни настапи. Тој живее повлечено во манастирот Матер Еклезија во Ватикан.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот