Епископите од Словачка во сите цркви во целата земја најавија добротворното собирање на средства за помош на оние во потреба во Куба.
Обраќајќи им се на верниците епископите во писмото објавено во недела 19 септември 2021 година дека акцијата е еден од плодовите од посетата на Папата кога во повеќе наврати го сврте вниманието на браќата и сестрите кои се во тешкотии, а и понатаму се занемарени.
Како што стои во писмото на епископите од Словачка проблемите во Куба ги влоши пандемијата со коронавирусот. Сѐ поголемото материјално сиромаштво во таа земја нѐ потсетува дека имаме на што да бидеме благодарни, додека истовремено не смееме да ги занемариме оние кои немаат таква среќа. Нашата цел е да делиме онака како што другите делеле во минатото кога ни било потребно.
Епископите најавија собирање на средства за Куба идната недела и молат за великодушност во духот на охрабрувањето кои го почувствувале за време на посетата на Светиот Отец минатата седмица.
Ватикан њуз/к.мк