Послушноста на Светиот Дух дава радост

Треба да се покоруваме, а не да се спротивставуваме на Светиот Дух – истакна папата Фрањо за време на Литургијате на 14 април, опоменувајќи ги сите кои „т.н. верност на законот“

го оправдуваат со спротивставување на Светиот Дух и ги поттикна верниците да молат за милоста на послушност на Светиот Дух

Со Законот не може да се оправдува Светиот Дух

Зборувајќи за читањето земено од Делата на светите апостоли во кое Филип го навестува Евангелието на Етиопјанинот, чувар на царските ризници, Папата поттикна на послушност на Светиот Дух. Протагонист е Светиот Дух, а не Филип и Етиопјанинот. Светиот Дух делува преку Него, се раѓа и расте Црквата – рече Папата додавајќи:

Црквата изминатите денови ни зборуваше за драмата на спротивставување на Духот: затворени, тврди и безумни срца му се спротивставуваат на Духот. Слушнавме за оздравувањето на Петар и Иван на сакатиот, слушнавме за зборовите и делата на свети Стефан… а луѓето останале безчувствителни на знаците на Духот, се спротивставувале. Спротивставувањето настојувале да го објаснат со верноста на законот односно словото на законот – објасни Папата.

Црквата во денешното читање ни зборува за спротивното, зборува за послушноста на Светиот Дух која треба да го решава христијанското однесување. Треба да се биде послушен на Духот затоа што Духот преку послушноста делува и ја води Црквата напред. Читањето ни говори за Филип кој ја имал работата како и сите епископи. Духот му наложува да се придружи на Етиопјанинот. Тој веднаш го послушал. Духот во срцето на Етиопјанинот делувал, му го понудил дарот на верата, а тој во срцето почувствувал новост. Го послушал Светиот Дух и побарал Крштение – рече Папата.

Двајца мажи едниот апостол на Евангелието, а другиот не знаел ништо за Исус; Духот поттикнал здрава љубопитност, а Етиопјанинот на крајот исполнет со радоста на Светиот Дух го продолжува патот. Минатите денови слушавме за последиците од спротивставувањето на Духот, денес за последиците од слушањето на Духот: за радоста. Послушноста на Духот е извор на радост. Би сакал ова или она… а чувствувам дека Бог од мене бара нешто друго. Радоста е таму каде што е повикот на Духот – рече Светиот Отец.

Светиот Дух ја води Црквата

Прекрасна молитва за послушноста можеме да најдеме во Првата книга Царства која свештеникот Илиј му ја препорачува на младиот Самуил: „Говори, Господи, бидејќи Твојот слуга слуша“. Ова прекрасна молитва можеме секогаш да ја молиме: „Говори, Господи бидејќи Твојот слуга слуша“. Таа молитва е да бидеме послушни на Светиот Дух, а со таа послушност треба да се води Црквата, да биде оружје на Светиот Дух за да може Црквата да оди напред. Говори, Господи бидејќи Твојот слуга слуша. Да ја молиме често таа молитва кога не обзема сомнеж, кога не знаеме што да правиме и кога едноставно сакаме да молиме. Со таа молитва бараме милост за послушност на Светиот Дух – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот