Порака од Папата до Меѓународното здржение на егзорцистите

Во посебната служба која ја извршуваат, во заедништво со нивните епископи, егзорцистите треба да покажат љубов, и прифаќање од Црквата на оние кои страдаат заради делата од страна на Лукавиот– напиша папата Фрањо во пораката испратена до патер Франческо Боманте, претседател на Меѓунаредното здружение на егзорцистите (АИЕ), која, после правното признавање добиено од Конгрегацијата за клер во јуни оваа година, овие денови во Рим го има својот прв состанок. На состанокот, на кој беа собрани 300 егзорцисти од целиот свет, посебно се зборуваше за ширењето на окултизмот, сатанизмот и езотеријата, како и нивните последици.

Тие практикувања му отвораат пат за посебно делување на демонот – рече за радио Ватикан психијатарот Валтер Кашоли, потпарол на истото здружение и истакна дека бројот на луѓето кои прибегнуваат кон тие пракси сè повеќе се зголемува, со голема социјална, психолошка, духовна и морална штета. Таа состојба нас нè загрижува – додаде тој – бидејќи како што следи имаме сè поголема извонредна демонска активност, посебно мачење, опсесии и пред сè најмногу опседнатост.

Истакнувајќи дека опасностите кои доаѓаат од тие пракси понекогаш се потценуваат, Валтер Кашоли рече дека оној кој има млака вера, понекогаш не го зема во предвид ниту обичното демонско делување, односно искушението. Токму затоа поттикнуваме на поголема будност. Впрочем, – додаде Валтер – живееме во посебно критичен историски период, во кој се чини дека брзањето, површноста, силниот индивидуализам и секуларизацијата владеат со нашето општество.

Борбата против злото и Лукавиот станува сè повеќе хитна – изјави Кашоли и објасни дека јасно е тоа не само заради директното делување на Божјиот непријател, но и заради слабеењето на верата, недостатокот на вредностите, и културниот релативизам кој сè повеќе расте. Освен тоа, сведоци сме за постојано ширење и медиумски пораки, книги, телевизиски и кино програми, кои со сензационализам и спектакл ги охрабруваат посебно новите генерации да се занимаваат со окултизам и сатанизам, па понекогаш дури и да ги практикуваат.

На новинарското прашање што напаѓа денес ѓаволот најмногу и како, Кашоли рече дека неговата итрина е во тоа нас да нѐ увери дека не постои, а одреден лаицизам кој е раширен во нашето опшество, на тоа прашање – како што рече – воопшто не помага. Силно нѐ погодува тоа што извонредното демонско делување најмногу се одразува врз младите генерации, како и на семејствата – истакна тој. Знаеме дека оној кој разделува, ѓаволот, не нè одвојува само од Бога, туку ги раздвојува луѓето, семејствата; ги одвојува и од реалноста затоа што, за жал, понекогаш имаме случаи и на отуѓување, дури и ментално – изјави потпаролот на Меѓународното здружение на егзорцистите.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот