Порака на Светиот Отец за 52. Светски молитвен ден за духовни звања
Излегување – темелно искуство на звањето
Четвртата воскресна недела го става пред нашите очи ликот на Добриот Пастир Кој ги познава своите овци и ги вика по име, ги храни и ги води. Повеќе од 50 години Oпштата Црква ја слави таа недела како Светски молитвен ден за духовни звања. Таа на тој ден секој пат ја пробудува свеста за важноста на молитвата, како што самиот Исус им кажал на своите ученици „Господарот на жетвата да испрати работници на жетвата Своја“ (Лк 10,2). Исус ја дава таа заповед во контекст на испраќање на мисионери. Тој освен дванаесетмината, повикал уште седумдесет и двајца ученици и ги испратил двајца по двајца во мисија (Лк 10, 1-6). Всушност, Црквата по својата природа е мисионерска ( Втори ватикански собор, декрет Ad gentes, 2). Христијанскиот повик нужно се раѓа од искуството на мисиите. Да го слушаш и следиш гласот на Христос Добриот Пастир, дозволувајќи Му Тој да нè привлече до Себе и да нè води и посветувајќи Му го Нему сопствениот живот значи Му дозволуваме на Светиот Дух да нè воведе во таа мисионерска динамика, будејќи во нас желба, радост и храброст за да го прикажеме нашиот живот и да го потрошиме во служба на Царството Божјо.
Да го понудиш сопствениот живот за мисија е можно единствено ако сме способни да излеземе од самите себе. Затоа овој 52 Светски молитвен ден за духовни звања сакам да размислувам за тоа посебно – излегување – кое е срцето на повикот или уште подобро, наш одговор на повикот кој Бог ни го дава. Кога ќе го слушнеме зборот – излегување – веднаш помислуваме на почетоците на чудната историја на љубовта помеѓу Бог и неговиот народ, историја која поминува низ драматичниот период на ропството во Египет, повикот на Мојсеј, искуството на ослободување и патувањето кон Ветената земја. Книгата Исход, втората книга од Библијата во која се опишуваат тие настани претставува една парабола за целата историја на спасението, но и основна динамика на христијанската вера. Имено, преминот од ропството на стариот Адам во новиот живот во Христос е делото на откупување кое се случува во нас преку верата (Ефес 4, 22-24). Тој премин е вистинско и исправно излегување, тој е патот на секоја христијанска душа и на целата Црква, одлучувачки пресврт во нашиот живот кон Отецот.
Во коренот на секој христијански повик постои тоа темелно движење, кое е дело на искуството на верата. Да веруваш значи да се надминеш самиот себе, да излезеш од самиот себе, да ја напуштиш удобноста и вкочанетоста на сопственото – јас – и во центарот на својот живот да го ставиш Исус Христос. Тоа значи да ја оставиш како Авраам својата родна земја и да одиш напред со доверба, знаејќи дека Бог ќе ни го покаже патот кон новата земја. Тоа –излегување- не смее да се сфаќа како знак на презир на сопствениот живот, сопствените чувства, сопствената човечност. Напротив, оние кои тргнуваат по Христос наоѓаат живот во изобилство, ставајќи се во потполност во служба и на располагање на Бог и Неговото Царство. Исус вели: „и секој што остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради моето име ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен.“ (Мт 19, 29). Сето тоа е длабоко вкоренето во љубовта. Христијанскиот повик пред сè е повик на љубов која нас нè привлекува и нè одделува од нас самите, нè – децентрализира – и нè п идвижува постојано излегување од сопственото „јас“ во затвореност во самио себе преку своето ослободување преку себедарување и токму така кон вистинското пронаоѓање на самиот себе, уште повеќе кон откривање на Бог (Бенедикт XVI Енциклика Deus Caritas est, 6).
Искуството на излегување е парадигма на христијанскиот живот, особено за оние кои го прифатиле повикот на посебно посветување во служба на Евангелието. Тоа вклучува постојана обнова на ставот на обраќање и преобразба, постојано одење кон напред, премин од смрт во живот како она што го славиме на секоја богослужба: преку Словото, тоа е искуството на преминот, Пасхата. Од повикот на Авраам до повикот на Мојсеј, од израелското поклоничко патување низ пустината до обраќањето кое го проповедале пророците, па се до Исусовите мисионерски патувања кои имаат свој врв во Неговата смрт и воскресение, повикот секогаш е дело Божјо преку кое Тој ни помага да излеземе од нашата почетна состојба, нè ослободува од секое ропство, нè исфрла од колосек и нè тргнува од нашата рамнодушност и нè доведува до радоста на заедништвото со Бог и браќата и сестрите. Да одговориш на Божјиот повик значи да Му дозволиш да ни помогне да излеземе од самите себе и од својата лажна сигурност и да тргнеме по патот кој води до Исус Христос, изворот и последното одредиште на нашиот живот и нашата среќа.
Таа динамика на излегување не се однесува само на поединецот кој Бог го повикал, туку на мисионерското и евангелизациското делување на целата Црква. Црквата навистина е верна на својот Учител во мера во која е Црква – кој излегува – Црква која не е преокупирана со самата себе, со своите структури и успеси, туку е способна да излезе надвор, да биде во движење, да се среќава со Божјите деца во нивната реална ситуација и да почувствува сочувство (com-passio) за нивните болки и страдања. Бог излегува од самиот себе во троиствена динамика на љубовта, го слуша болниот пискот на својот народ и интервенира за да го ослободи (Исход 3, 7). Црквата е повикана да го следи тој начин на постоење и делување. Црква која евангелизира излегува во пресрет на човекот, навестувајќи го ослободителното Слово на Евангелието. Со Божјата мислост ги лекува духовните и телесните рани на душата и ги подигнува сиромашни и страдалници
Драги браќа и сестри, тоа ослободувачко излегување кон Христос и кон браќата и сестрите воедно претставува за нас начин на кој можеме во потполност да го разбереме човекот и историскиот развој на поединците и општеството. Да го слушнеш и прифатиш Господовиот повик не е нешто приватно и чисто лична работа која може да се помеша со некое минливо чувство. Напротив, тој е конкретен, вистински и потполна преданост кое го опфаќа целото наше постоење и го става во служба за растот на Божјото царство на земјата. Затоа христијанскиот повик, вкоренет во контемплацијата на срцето на Отецот истовремено поттикнува на солидарно заземање за ослободување на браќата и сестрите, особено најсиромашните. Исусовиот ученик има срце отворено кон неговите бескрајни хоризонти, а пријателството со Господ никогаш не значи бегство од животот или од светот туку напротив – важно покажува како мисионерско заедништво – ( Апостолско писмо Радоста на Евангхелието 23.
Тоа излегување кон Бог и другите ги исполнува нашите животи со радост и смисла. Сакам тоа да го порачам пред сè на младите кои исто така заради својата возраст и отвореноста кон иднината знаат да бидат расположиви и великодушни. Понекогаш неизвесноста и грижата за иднината и проблемите со кои секојдневно се среќаваат се закануваат да ја ограничат таа нивна виталност, да им ги срушат соништата и тоа во голема мера да помислат дека не вреди да се залагаат и дека Бог во Кој веруваат христијаните некако ја ограничува нивната слобода. Но, драги млади пријатели не плашете се да излезете од самите себе и да тргнете на пат! Евангелието е порака која донесува слобода во нашите животи, го преобразува и ни го прави животот поубав. Колку е убаво да дозволиме да нè изненади Божјиот повик, да го прифатиме Неговото Слово и да одиме во својот живот по Исусовите стапки, во поклонување на Божјото таинство и великодушно служење на нашите ближни! Вашиот живот така секој ден ќе станува се побогат и порадосен!
Дева Марија пример на секој повик не се плашела да го каже своето fiat (нека биде) како одговор на Господовиот повик . Нека таа нè придружува и води. Со великодушна храброст на верата Марија од радост пеела кога излегла од самата себе ги доверила на Бог плановите кои ги имала за животот. Нејзе да и се обратиме за да бидеме потполно отворени за она што Бог го планира со секој од нас, така во нас да порасне желбата да излеземе и да одиме со грижливост кон другите (Лк 1, 39). Нека Дева Марија нè штити и се застапува за нас.
Од Ватикан, 25 март 2015 година, Цветници
редовништво/Д.И.
*неoфицијaлен превoд
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк