Порака на Папата Фрањо до Фестивалот на семејството во градот Рива дел Гарда

Вчера, на 5 декември, во градот Рива дел Гарда, во италјанската провинција Трентино, започна третиот Фестивал на семејството, на кој учествуваат претставници на многу организации и заедници чија цел им е да ја поттикнаат широката дискусија за тоа како да ги заштитат и да им помогнат на италјанските семејства.

Во пораката до учесниците на Фестивалот, Папата потсети на дискусијата од преткохдните фестивали како и на мотото на од овогодишниот: „ Екосистем живот и работа. Вработувањето на жените и наталитетот, благосостојбата и економскиот развој“, истакнувајќи дека на Фестивалот се настојува да се изнајдат нови начини за семејството да биде протагонист во социјалната, културната и политичката реалност на Италија. Вие сте, всушност, свесни  за незаменливата и основната улога на семејството во државната и црковната заедница. Иднината на светот зависи од семејството, затоа треба да се создадат услови за семејството да може да ја извршува својата улога, бидејќи не е доволно само теоретски да се потврди неговата важност и неговото право. Треба точно да се утврди што му припаѓа на семејството, а што на општеството, дути и кога станува збор за професионалниот и семејниот живот – стои во пораката на Светиот Отец.

Семејството има своја првична мисија: да им служи на своите членови, на сопствениот развој, на животот, но има право и затоа му е потребна поддршка и гаранција да може да ги спроведува. Но од друга страна, има обврска кон општеството, треба, всушност, да соработува со другите заради општо добро. Општеството е привилигирана средина за практикување на солидарноста, за соединување на силите помеѓу јавното и приватното, помеѓу претприемништвото и семејството – рече Светиот Отец.

Поради обврската и одговорноста на раѓање и воспитување на децата на семејствата им е потребна помош од јавни институции и компании, потребна им е нивната соработка. Загрижениот демографски пад бара сепак храбра стратегија во корист на семејството, од која може да го покрене и економското заздравување на земјата – истакна Светиот Отец напомнувајќи дека треба да се реши драмата за невработеноста на младите. Невработеноста го понижува човекот, затоа што се чувствува бескорисен, а го осиромашува општеството зашто не придонесува за највиталните членови – забележа Светиот Отец.

Осврнувајќи се на кризата на семејството, Папата поттикна за усвојувањето на семејната политика, која ќе го одреди неговиот правен и социјален статус, а на семејствата кои се во потешкотии да им се обезбеди морална и материјална поддршка. Посебно внимание треба да се посвети на вредностите на работните способности на жените. Многу од нив чувстуваат обезвредување на сопствените права, чувствуваат потреба да се цени нивната стручност во различни области на социјалниот и професионалниот живот, како и во остварувањето во општеството и во семејството – потсети Папата додавајќи:

Некои жени се преоптоварени со обврски, чувствуваат недостаток на разбирање и на поддршка. Неопходно е да се воспостави рамнотежа помеѓу економските потреби и семејните обврски. На ум секако треба да се има неспоредливиот придонес на жената во семејниот живот и за иднината на општеството – рече Папата изразувајќи надеж дека Фестивалот ќе вроди со посакуваните плодови, и на крајот на сите им додели апостолски благослов.

РВ/З.А

Категорија: Ватикан

За авторот