Порака на папата Фрањо до учесниците на Конференцијата за забрана на употребата на нагазните мини

Ниедно дете не треба „да живее во страв од мина“, стои во пораката на Папата, која во име на Папата ја упати кардиналот Пиетро Паролин, државен секретар на Папата до Конференцијата за измена на Конвенцијата за забрана на употребата на нагазните мини, која овие денови се одржува во Мапут, Мозамбик. Во пораката силно се истакнува дека употребата на оружјето е голем пораз за сите.

Осудувајќи ја употребата на мините, пораката истакнува дека мините се „неодговорно оружје“, „дивјачко“, бидејќи ја продолжуваат војната, а по завршениот судир предизвикуваат страв. Тоа оружје на човечкиот неуспех, предизвикан од војната, го придружува чувството на страв, бидејќи преовладува во начинот на живеење и ја обесхрабрува изградбата на мирот, стои во пораката.

Ако навистина сакаме сигурност, стабилност и мир треба да ги намалиме резервите со оружје, да го отстраниме оружјето што во човечкото општество нема смисла, па повеќе да вложуваме во воспитувањето, здравството и зачувувањето на нашата планета. Папата, значи, ги поттикнува државите, во склоп со Конвенцијата, да се заземат за да нема повеќе жртви на мини и ниедно дете да не живее во страв од тие направи.

Конвенции како овие за мините, стои понатаму во документот, не се „ладни правни кругови“, туку се предизвик за сите оние што настојуваат да го зачуваат мирот и ги штитат најслабите. Папата посака оваа Конвенција да биде „пример за останатите процеси, посебно за нуклераното и другото оружје кое не би смеело ниту да постои. Во центарот на своите напори за разоружување да ја ставиме човечката личност, стои во заклучокот на пораката на Папата.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот