Генерална аудиенција: Христијанинот е понизен апостол

Генерална аудиенција: Христијанинот е понизен апостол

На Генералната аудиенција, папата Фрањо ја продолжи својата катехеза за големата љубов кон евангелизацијата и објасни што значи да се биде ученик денес: свештениците, осветените лица и мирјаните имаат различни задачи, но имаат заеднички повик за послание, дури и оние кои заземаат највисоки позиции во Црквата се повикани да служат

„Да се биде апостол“ е нешто што важи за секој христијанин; тоа значи да бидеш испратен во послание, исто како што Исус ги испрати учениците во светот; но значи и одговарање на повикот. Ова го објасни папата Фрањо, во седмата катехеза од серијата посветена на големата љубов кон евангелизацијата, односно апостолската ревност на верниците, одржана на плоштадот Свети Петар во среда 15 март 2023 година, при што се осврна на значењето на апостолатот денес.

Светиот Отец најнапред потсети како Исус „ги повикува оние кои сам ги одбра“ (Марко 3,13) и ги воспостави како група, именувајќи ги „апостоли“ да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат. Истовремено, тој додаде дека во своите посланија свети Павле се претставува себеси како оној кој е „повикан да биде апостол“ (1. Коринтјаните 1,1), односно повиканиот, „одлучен за евангелието Божјо“. Бог го повика од утробата на неговата мајка за да им го навести Евангелието на народите. Искуството на Дванаесетте и Павловото сведоштво денес нѐ повикуваат да ги преиспитаме нашите ставови – рече Папата – да ги преиспитаме нашите избори, нашите одлуки.

Сè зависи од Божјиот бесплатен повик; Бог нè избира исто така и за служење, кое понекогаш изгледа дека ги надминуваат нашите способности или не одговараат на нашите очекувања; на повикот добиен како бесплатен дар мора да се одговори бесплатно.

Различни задачи за зааедничкиот повик за послание

Тоа е повик што се однесува на сите, свештеници, посветени лица и мирјани, и затоа е заеднички; повик до сите со кои сме повикани да го дадеме богатството добиено со нашиот сопствен христијански повик – рече Папата и објасни – затоа што тоа е динамиката на повикот, динамиката на животот. Тоа е повик што овозможува да се изврши сопствената апостолска задача на активен и креативен начин, во прегратките на Црквата во која има различност на службите, но и единство во посланието– појасни Папата, повикувајќи се на декретот од Вториот ватикански собор Apostolicam actuositatem, во која се наведува дека Христос им дава на апостолите и нивните наследници должност да поучуваат, осветуваат и управуваат во негово име и со негова власт; така прават и мирјаните, бидејќи се учесници во Христовата свештеничка, пророчка и царска служба, во Црквата и во светот го вршат својот дел од посланието на целиот Божји народ“ (АА, 2). Тоа е задача која има своја трајна вредност и за нас – истакна Светиот Отец и додаде:

Во рамките на единството на посланието, различноста на харизмите и служењето не смее да доведе до привилегирани категории во црковното тело: нема унапредување, а кога го замислувате христијанскиот живот како унапредување, тој што е над другите заповеда затоа што успеа да се протурка, тоа не е христијанство. Тоа е чист паганизам. Христијанскиот повик не е промоција за напредување, не! Тоа е нешто друго.

Секој е повикан да им служи на другите

Иако некои по Христовата волја се назначени како учители на други, делители на тајните и пастири – додаде римскиот епископ, повикувајќи се на догматската конституција Lumen gentium – сепак меѓу сите владее вистинска еднаквост во однос на достоинството и во однос на заедништвото за сите верници, делување во градењето на Телото Христово.

Кој има поголемо достоинство во Црквата: епископот, свештеникот? Не…сите сме христијани во служба на другите. Кој е поважен во Црквата: монахиња или обичен човек, крстен, некрстен, дете, епископ…? Сите се еднакви и кога едната страна се смета себеси за поважна од другите и малку го дига носот, не е во ред. Тоа не е Исуовиот повик. Повикот што Исус го упатува до сите, но и до оние кои очигледно се на повисоки позиции, е да им служиме, да им служиме на другите, да се понизуваме себеси.

Божјиот повик е обожување на Отецот, љубов кон заедницата и служењето – истакна Папата и истакна: Тоа значи да се биде апостол, тоа е сведоштво на апостол.

Да се преиспитаме дали сме апостоли на Црквата

Затоа, тргнувајќи од претпоставката дека сите сме еднакви, потребно е да се размислува за многуте аспекти на нашите односи, кои се одлучувачки за евангелизацијата – смета Папата, поттикнувајќи да размислиме дека секој може да го повреди достоинството на луѓето со зборови, со што ги нарушуваат односите, како и способноста за дијалог меѓу верниците и слушање со цел да се разберат причините на другиот.

Слушање, понизување да се служи на другите; тоа е служба, тоа е она што значи да се биде христијанин, тоа е она што значи да се биде апостол.

На крајот, папата Фрањо ги охрабри верниците да бегаат од суетата, од суетата на местата и да се преиспитаат како го живеат својот крштелен повик, како и на кој начин се апостоли во апостолската Црква која е во служба на другите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот