Порака на папата Фрањо до екуменскиот патријарх Вартоломеј

Апел за мир на Блискиот Исток, и заштитата на слободата на вероиповед во светот – е сржта на пораката која папата Фрањо ја испрати до патријархот Вартолимеј I по повод празникот свети Андреј. Пораката ја прочит кардинал Кох, преседател на Папскиот совет за промовирање на единство на христијаните и шеф на делегацијата на Светата Столица во Истанбул, Турција. Во таа прилика, како што известува Радио Ватикан, во патријаршиската црква на Фанар, се служеше божествена Литургија. Во меѓувреме, на светата Литургија на 30 ноември во капелата на домот Света Марта, папата Фрањо молеше по накана на патријархот Вартоломеј.

Дијалог, опростување и помирување, се единствени средства за решавање на конфликтот на Блискиот Исток – истакна Светиот Отец и ја спомна драматичната состојба на многу луѓе кои трпат заради насилството, војната, гладот, сиромаштвото и природните катастрофи. Притоа исто така го истакна правото на христијаните на Блискиот Исток да останат во својата татковина. Поради тоа повика на молитва за мир на тој простор, и побара да се продолжи да се работи на целта за помирување и праведно признавање на правата на луѓето.

Осврнувајќи се потоа на мачеништвото на свети Андреј, Папата спомна на сите христијани во светот кои се дискриминирани и кои понекогаш со крв ја плаќаат цената на исповедување на својата вера. Како во периодот на едиктот на цар Константин со кој пред 1700 години престанал верскиот прогон во Источното и Западното Римско царство, така и денес – пишува Папата – христијаните на Исток и на Запад имаат да дадат заедничко сведоштво за да се прошири низ целиот свет спасителната порака на Евангелието. Затоа итно е потребна делотворна и ангажирана соработка меѓу христијаните, за насекаде да се заштити правото на јавно изразување на сопствената вера и за праведно однесување кон христијаните, кога се промовира придос на христијанството во современото општество и култура.

Папата исто така споменал дека во 2014 година се навршуваат 50 години од историската средба одржана во Ерусалим на папата Павле VI со патријархот Атенагора и напомена дека христијаните се членови на исто семејство, кое веќе чувствува радост на вистинско братство во Христос, иако се свесни дека сѐ уште не е постигнато полно заедништво. Тука Папата христијаните ги потсети на должноста да се подготвуваат на примање на тој Божји дар преку молитва, внатрешно преобраќање, обнова на животот и братски дијалог.

На крајот папата Фрањо истакна дека има намера да продолжи со братските односи помеѓу Римската Црква и Екуменскиот патријарх, и пораката завршува со израз на длабоко почитување и срдечно пријателство во Христос разменувајќи со патријархот Вартоломеј во мислите братска прегратка на мирот.

Патувањето на делегацијата на Светата Столица во Турција се одвива во рамките на традиционалната размена на претставници по повод празникот на светите заштитници, односно 29 јуни во Рим за празникот на свети Петар и Павле и 30 ноември во Истанбул, за празникот на свети Андреј. Освен учеството на светата Божествена литургија во Фанар, претставниците на Светата Столица се сретнале со патријархот Вартоломеј и разговарале за комисијата од Синодот задолжена за односите со Католичката Црква. Делегацијата исто така го посетила и теолошкото училиште на Екуменскиот патријарх Халки во Истнбул ,кое е затворено од турските власти во 1971 година и за кое се очекува дозвола за повторно отворање.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот