Порака на Папата за 50. Светски ден на мирот

„Ненасилство: политчки стил за мир“ е насловот на пораката на Папата по повод 50. Светски ден на мир. „Насилството и мирот во принцип се два спротивни начини за градење на општеството“ – стои во соопштението објавено на 26 август 2016 година за овогодинешната порака на Светиот Отец.

Ширењето на жариштата на насилството предизвикува негативни социјални последици. Светиот Отец ја резимира таа ситуација со изразот „Трета светска војна во делови“. Спротивно на тоа, мирот поттикнува позитивни социјални последици и овозможува остварување на вистински напредок. Поради тоа, треба да се залагаме и според можностите да преговараме за мир дури и кога тоа e тешко и непрактично – пишува во соопштението.

„Ненасилството може да добие пошироко и ново значење: не само желба, морално отфрлање на насилството, бариерата и уништувачките импулси, туку и реален политички метод кој буди надеж“. Тој политички метод е „втемелен на приматот на законот. Ако правото и еднакво достоинство на секој човек се штитат без дискриминација или разлика, тогаш ненасилството, сфатено како политичкa методa, може да биде реален пат за надминување на вооружените конфликти. Во таа перспектива“ – се истакнува – „важно е да се препознае не правото на силата, туку силата на правото“.

Во новата порака, Светиот Отец „сака да покаже следен чекор, пат на надеж, соодветен за денешните историски околности“, пат за решавањето на споровите со преговори без вооружени конфликти. „Од оваа перспектива култутрата и идентитетот на народот се почитуваат и преовладува мислењето дека некои се морално надмоќни над другите“.

Истовремено – се напоменува во пораката – „тоа не значи дека еден народ може да остане рамнодушен кон трагедијата на другиот. Напротив, тоа значи признавање на предностите на дипломатијата пред бучавата на оружјето“. Трговијата со оружје е „толку распространета што генрално се потценува“. Нелегалната продажба на оружје поддржува голем број на светски конфликти. Ненасилството како политички стил може и мора „да го стави под контрола тој монструм“ – стои на крајот на соопштението.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот