Порака на Папата до Демографскиот форум во Будимпешта

Папата Фрањо испрати порака до учесниците на Демографскиот форум во Будимпешта во која ги поттикнува учесниците да размислуваат за конкретните начини на кои семејството може да се поддржи

Папата Фрањо испрати порака до учесниците на Демографскиот форум во Будимпешта кој се одржа од 5 до 7 ноември. Светиот Отец испрати срдечни поздрави до владите, цивилните и верски власти кои се собрани на тој настан. Додека на форумот се размислува за семејството и неговата важна улога во промовирањето на праведно и здраво општество, Неговата светост на собраните им ја гарантира својата молитвена солидарност. Ги поттикнува учесниците да размислуваат за конкретните начини на кои семејството може да се поддржи, особено во светлото на предизвиците со кои паровите се соочуваат при основањето на семејството и при воспитувањето на децата – стои во пораката која ја потпиша кардинал Пиетро Паролин.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот