Порака на Италијанските епископи за Божиќниот пост

Порака на Италијанските епископи за Божиќниот пост

Епископската конференција на Италија на 24 ноември објави порака за Божиќниот пост во која ги повикува верниците во пандемијата на коронавирусот на нов занес на живеење на верата во предбожиќното и божиќното време.

Не смееме да се повлечеме и да чекаме подобри времиња, предупредуваат италијанските епископи. Италија како и многу земји во светот е соочена со ограничувања и загрижувачки лични, социјални, економски и финансиски последици од пандемијата од коронавирусот. Но, пред тие предизвици не смееме да заземеме став „спасувај се кој може“ затоа што наскоро би можело да се претвори во „сите против сите“, што би било полошо од било каква пандемија, порачуваат епископите.

Божиќниот пост во пандемската 2020 година е период во светската историја која може да се сфати како „прекин со минатото“ за да се обликува иднината одново и почовечки. Изминатите месеци ја покажаа изворедната креативност на парохиските заедници и лаичките здруженија, семејствата и поединците, што се однесува до богослужбата и молитвениот живот, како и каритативните и хуманитарните акции чувствителни на секој вид сиромаштво. (…)

На крајот од пораката заклучуваат дека и покрај големите тешкотии „можеби живееме во време на општествен препород.“

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот