Пораката на папата Фрањо за XXII Светски ден на болните

Црквата во болните ја препознава посебната присутност на Христос кој трпи, истакна папата Фрањо во пораката за XXII Светски ден на болните кој секоја година се слави на 11 февруари, на литургискиот празник на Богородица Лурдска. Оваа година се слави под мотото „Вера и љубов: И ние треба да го дадеме животот за браќата“.

Пораката на Папата е полна со надеж „бидејќи и ноќта на болката, во Божјиот нацрт на љубовта, се отвора на воскресното светло“; како и охрабрувањата „дека во Негово друштво, со Него соединети да се соочат со секоја неволја“. Папата потсетува дека Исус ги зеде на себе болеста и страданието, претворајќи ги и преобликувајќи ги во светло на „новиот живот во полнина“, кој ги менува негативните искуства во позитивни. Всушност одејќи по патот на Христос, кој од љубов се даруваше, и ние исто така „можеме да ги сакаме другите, како што Бог нè сакаше нас, давајќи го животот за браќата“.

Верата во добриот Бог постанува доброта; а верата во распнатиот Христос, сила да се сака до крај; исто така и непријателите; себедарувањето, особено кон ближниот, посебно кон оние кои не го заслужуваат, а кои трпат и се маргинализирани, се истакнува во пораката на Папата.

Приближувајќи се со нежност на оние кои имаат „потреба од нега, во спротивностите на светот, внесуваме надеж и Божја насмевка. Несебичното посветување на другите, постанува значи наш начин на делување. Марија е христијанскиот пример „за раст во нежноста, во чувствителноста и скромната љубов“. Дева Марија, Мајка на болните и страдалниците, стои покрај нашите крстови и нè прати на патот кон воскресението и полнината на животот, пишува Светиот Отец.

До Марија, покрај крстот, стои Иван, кој нè потсетува дека не можеме да го сакаме Бог, ако не ги сакаме браќата. Крстот е сигурност на верната Божја љубов кон нас; нè повикува да дозволиме таа љубов и нас да нè зарази; нè учи на другиот, секогаш да гледаме со милосрдие и љубов – посебно ако страда и ако му е потребна помош. Заклучувајќи ја пораката, Светиот Отец поттикнува Светскиот ден на болните да се прослави во заедништво со Исус Христос, подржувајќи ги оние кои се грижат за болните и страдалниците.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот