Еве нè Господи посрамени заради она што човештвото кое создадено на твоја слика и подобие, е способно да направи. Спомни нè во своето милосрдие – напиша папата Фрањо во своја Твитер порака по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот и спречувањето на злосторства против човештвото.
Овој Ден се одбележува во цела Европа, а во поголемиот број европски земји за датум на одбележување е избран 27 јануари. Имено, на тој ден во 1945 година Црвената армија ослободи 7.500 затвореници кои нацистите ги ставија во концентрационен логор Аушвиц во Полска.
Потсетуваме дека Светиот Отец на 29 јули 2016 година го посети нацистичкиот концетрационен логор Аушвиц-Биркенау, местото каде што силите на Хитлер убија повеќе од милиони луѓе, главно Евреи. Папата пешки помина низ вратата која води во логорот со озогласениот натпис „Arbeit Macht Frei“, а потоа во мал автомобил беше префрлен од крајот на бараката до местото каде на клупа се задржа во тивка молитва. Додаваме дека неговиот претходник свети Иван Павле II го посети тој нацистички логор во 1979 година, а Бенедикт XVI во 2006 година.
Папата во логорот се сретна со 10 луѓе кои го преживеале Аушвиц, задржувајќи се кратко со секого во разговор, а после тоа ја посети „ќелијата на гладот“, каде нацистите ги убивале затворениците изгладнувајќи ги до смрт. Таму е погубен и свети Максимилијан Колбе, на чие место на мачеништво Светиот Отец исто така се задржа во молитва. Потоа Папата некое време помина во молитва пред меѓународниот споменик на жртвите во Аушвиц, а на крајот се сретна со 25 праведници меѓу народите.
Спомнуваме дека со воспоставувањето на националсоцијалистичкиот режим во Германија во 1933 година Евреите биле изложени на дискриминација, а со Нiнбершките закони од 1935 година биле лишени од граѓанските права. Мерките на нацистичките власти станале брутални после „Kристалната ноќ“, дводневно сурово насилство на нацистите над Евреите и нивниот имот започнато ноќта на 9 спроти 10 ноември 1938 година, во кое се убиен 91 Евреин, илјадници ранети, околу 7.500 продавници во еврејска сопственост се оштетени, повеќе од сто синагоги се запалени и уништени, а околу 25.000 Евреи се затворени. Оттогаш им бил забранет престој на јавни места, а биле принудени да се преселат во гета. Нивните деца не можеле да посетуваат јавни училишта, а сите постари од шест години морале да ја носат жолтата Давидова ѕвезда.
Ви летото 1941 година започнала третата фаза од постапувањето кон Евреите, поточно фазата на системско масовно истребување. Тогаш по наредба на Адолф Хитлер се подготвувало спореведување на планот за „конечното решение на еврејското прашање.“ Од почетокот на 1942 година е организиран систем на концентрациони логори со плински комори, а најозогласениете биле тие на територијата на окупирана Полска: Аушвиц, Треблинка, Мајданек, Собибор. Во текот на холокаустот, за која се користи и еврејскиот израз шоа, што означува катастрофа, опустошување, настрадале околу 6 милиони Евреи, околу две третини од вкупниот број европски Евреи, и околу 5 милиони припадници на другите народи.
РВ/к.мк