Поради „лесна спреченост“ се промени распоредот на папата Фрањо и не учествуваше на покорничката богослужба со римските свештеници, соопшти во четврток 27 февруари директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Матео Бруни.
Тој рече дека Папата одлучи „да остане во близина на Света Марта“ и дека другите обврски се одвиваат вообичаено.
Папата во четвртокот служеше света Литургија во Домот Света Марта, а после тоа во аудиенција ги прими членовите на „Глобалното католичко климатско движење“ (Global Catholic Climate Movement), организација која соработува со Црквата со цел поголема заштита на заедничкиот дом и која за поттик ја има енцикликата Лаудато си.
Ватикан њуз/к.мк