Понизноста – темел на светоста
Во онаа иста мера со која сум воздигната над ѕвездите, со неа најдлабоко се понизив. Спознав дека Бог горделивите ги исфрла од нивните престоли, а понизните ги подигнува.
Гаврил ме поздрави со благодатна, а јас се нареков слугинка Господова и тогаш станав Мајка на Исус Христос. Милостите и предностите со кои Бог ме возвиши да бидам Мајка на Неговиот Син секогаш ме задржуваа во најдлабока понизност. Знаев дека сè што примам е од рацете Господови и затоа духот на злото не можеше да ми наштетува со горделивоста. И што пониско се понизував бев сѐ повеќе воздигната.
Нема поголема лудост од тоа да се правиш годелив на нешто што не е наше. Не давај голема важност што поседуваш некои карактеристики, туку како ги употребуваш за да му бидат мили на Бог. Што ти користи големото знаење, телесната убавина, извонредните душевни способности кога сето тоа го употребуваш за зли цели? Многумина кога би ги имале тие дарови што ти ги поседуваш многу подобро би ги искористиле.
Големите таленти не те прават блажен самите по себе; туку напротив ако не ги употребуваш за Божја чест или ако ги закопаш како лошиот слуга во Евангелието.
Едноставниот човек ако е побожен му се допаѓа на Бог и без големи способности и поголем е во царството небесно од мудреците на овој свет кои поседуват голема мудрост, но се со расипано срце и се надувани заради своите способности. Секој пат кога ќе си спомнеш на Божјите добрини игнорирај ја секоја празнина и неуредна горделивост.
Размисли секогаш од кого си примил дарови и дека строга сметка ќе дадеш за тоа како си ги употребил. Без понизност не му се допаѓаш на Бог, ниту на луѓето. Па, ниту мене таков не ми се допаѓаш, бидејќи на своите штитеници јас го љубам сјајот на понизноста. Никогаш себе си не се залажувај дека си подобар од другите, бидејќи не знаеш дали можеби другите се многу подостојни во Божјите очи.
Види ги само своите престапи и веднаш ќе се намали твојата горделивост. Не игнорирај ги ниту грешниците, како што ниту јас самата не го игнорирав Петар, ниту Магдалена, бидејќи кој знае можеби грешниците во небото ќе бидат на поголемо место и во крепостите ќе те надминат?
Сигурно не се чувствуваш среќен кога само копнееш за своите желби и не можеш да го дочекаш времето кога Бог ќе те повика. Бескорисно е и несреќа ќе имаш во секоја чест која на нечесен начин си ја постинал. На таквиот горделив човек му претстои брз и срамен пад; иако сѐ до својата смрт над другите се воздигнувал, ќе доживее ужасен крај. Сите оние кои тој ги игнорирал со нозете ќе ги газат неговите остатоци.
Не е секое понижување крепост. Повеќе пати е само лицемерие, со кое во безначајни работи лицемерно се понизува, а во својата внатрешност се воздигнува над сите останати.
Зошто се гордеееш ти кој денес живееш, а утре твоето тело веќе црвите го разградуваат и во гробот те јадат? Никој на тебе ниту помислувал пред твоето доаѓање на овој свет, а штом ќе умреш сите ќе те заборават како никогаш да не си бил.
Преобрати ја својата празнина во понизност ако сакаш да бидеш каде што сум јас и каде што ме нарекуваат блажена сите генерации.
Наследувај ме!
Наслједуј Марију/Себастиан Саилер/превод Јосеф В. Баренсенбург/к.мк