Поминаа четири години од киднапирањето на чесната сестра која се грижеше за деца без родители
„Да молиме киднаперите што побрзо да ја ослободат затоа што таа има здравствени проблеми. Сестра Глорија многу стрaда како и нејзината монаѓка и семејството.“
Претседателот на Одборот за мисии при Епископската конференција на Колумбија се присети дека поминаа четири години од киднапирањето на сестра Глорија Цесилија Нарваез и повика на молитва за нејзино ослободување, јавува CNA. Имено член на Дружбата на сестрите Фрањевки од Безгрешната е киднапирана на 7 февруари во африканската држава Мали.
Властите во меѓувреме утврдиле дека киднапирањето го направила организацијата Фронт за поддршка на исламот и муслиманите и огранок на Ал Каеда со седиште во Мали.
„Црквата продолжува да се моли за нејзиното здравје и за ослободување“ – изјави по повод тажната годишнина Франциско Унера епископ на Сан Винсенте дел Кагуана.
Сестра Глорија е киднапирана според сведоци од група вооружени мажи, принудувајќи ја да им ги предаде клучевите од амбулантното возило кое припаѓало на монашката заедница. Возилото подоцна е пронајдено напуштено. Нападот се случил во местото Карангасо, во регионот Сикасо на југот на Мали, каде се наоѓа куќата во која живееле сестрите. Иако при нападот во куќата биле сите четири монахињи, останатите три успеале да побегнат.
Сестра Глорија 12 години служела во Мали каде нејзината заедница управува со голем медицински центар како и дом во кој се грижат за 30 сираци од една до две години старост. Покрај тоа монахињите ги поучувале на читање и пишување на отприлика 700 жени муслиманки и моментално градат амбар во кој се собира храна за сушни периоди, со оглед на тоа што голем број мајки во тој регион умираат од неисхранетост. (…)
Сестра Глорија многу страда како и нејзината конгрегација и семејството“ – изјави сестра Ноеми Кесада поранешна генерална поглаварка на монашката заедница на која припаѓа сестра Глорија за ватиканската агенција Фидес. Имено познато е дека киднапираната монахиња има проблеми со бубрезите. (…)
Битно.нет/к.мк